Во моментов трите „ер трактори“ се на сервис, но кон почетокот на летото очекувам да бидат подготвени за гасење пожари, рече денеска Стојанче Ангелов по преземањето на директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Владата вчера го именуваше Ангелов, кој на ова место дојде од директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).„Подготвуваме неколку изненадувања што ќе ни помогнат полесно да се справиме со постојните пожари.
Денеска во 10 часот во просториите на ЦУК ја предадов функцијата Директор на ЦУК на новиот директор Мухамед Аљи кој на оваа позиција доаѓа од редовите на Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти Стојанче Ангелов, новиот в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Facebook/Стојанче Ангелов По претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, разрешен сум од позицијата директор на Центарот за управување со кризи.
Стојанче Ангелов е нов в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Како што информираше Ангелов, по претходен договор со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, тој е разрешен од позицијата директор на Центарот за управување со кризи и од денес стапува на новата функција.