На 30.05.2025 година во 13.30 часот, во селото Белчишта, општина Дебарца, лишен од слобода е Љ.О.(52) од истото село кај кого, при претрес извршен по Судска наредба, полициските службеници од Криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа 145 стебла од растението канабис сатива, повеќе предмети со марихуана и семки, најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од марихуана и други предмети, изветсија од МВР. Lider