Проектот има за цел не само да обезбеди безбедни услови за велосипедистите, туку и да придонесе кон намалување на загадувањето, сообраќајниот метеж и подобрување на квалитетот на живот во урбаната средина.
Со комплетирањето на вело-патеките во должина над 5 километри, Битола прави значаен исчекор во модернизација на сообраќајната инфраструктура, во насока на еколошки и здрав начин на движење низ градот, притоа обезбедувајќи простор за велосипедисти, но и реконструирани тротоари за пешаците. Bitolanews
Денес, петок, 13 јуни, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Bitolanews