Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Lokalno
А, откако запреле, тој му упатувал закани на другиот возач и удирал по неговото возило“, велат од полицијата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицаецот Л.Д. поднел и предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина, се додава во соопштението. 24info
Внатрешна полициска контрола поднесе кривична пријава против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило. Skopjeinfo
26-годишен полицаец од скопското село Зелениково доби кривична пријава откако пред речиси два месеца, пијан возел безобѕирно низ населбата Кисела Вода и за малку ќе предизвикал сообраќајна несреќа, по што му се заканувал на другиот возач и удирал по неговиот автомобил, соопшти МВР.„Поднесена е кривична пријава против Л.Д. (26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Puls24
Добивај вести на Viber Кривична пријава е поднесена против полициски службеник за безобѕирно управување со моторно возило. Faktor