Вчера околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани, известуваат од полицијата.
Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите.