Денеска (18.06.) во СВР Велес, директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев, одржа серија работни состаноци со раководството на овој Сектор за внатрешни работи, како и со претставници и одговорни лица од релевантни институции од областа на безбедноста во сообраќајот.
Вчера и денеска на армискиот полигон „Криволак,“ како и во седиштето на командата на Специјалната антитеростичка единица – Тигар, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев присуствуваше на изведувањето на вежбовните активности на припадниците на единицата чие што реализирање беше организирано во рамки на повеќенеделната заедничка обука во која, покрај припадници на САЕ – Тигар, учествуваа и припадници од Баталјонот за специјални сили „Волци“ при Армијата на Република Северна Македонија, како и припадници на специјалните сили на Армијата на САД, познати како „Зелени Беретки“.