фото: Емил Јовановиќ Полициски службеници спасиле четири лица од едрилица во Охридското Езеро, откако бил оштетен дел од пловниот објект поради лошите временски услови, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека лица од пловен објект кој бил во водите на Охридското езеро, на околу 2.5 километри од езерскиот брег наспроти авто кампот „Извиднички“, бараат помош.