Од идната година веќе кога масовно од 1 септември ќе го пуштиме во употреба новиот електронски дневник, односно надградената форма на електронскиот дневник предвидено е училиштата преку нивните системи да ги поврзат сите документи кои ќе им бидат потребни за да може да се запише ученикот, кажа Јаневска.
Во изминатата една година остваривме голем дел од програмските определби и цели со што поставивме темели за изградба на квалитетен и конкурентен национален образовен систем кој ќе овозможи еднаквост, ефикасност, потребно знаење и вештини, синхронизираност со пазарот на трудот и генерално задоволство кај сите чинители на воспитно – образовниот процес.
Интегрален текст од денешната прес-конференција на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ По само една година владеење на ДПМНЕ и нивната министерка Весна Јаневска образованието е на работ на целосен колапс.
Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на 1 септември, зголемени плати за наставниците и универзитетските професори, изградба на нови училишта и сали, како и темелна обнова на студентски домови.