По повеќемесечна предистражна постапка на Основното јавно обвинителство Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи, во која беа применети и посебни истражни мерки, денеска полициски екипи под раководство на јавен обвинител спроведуваат акција и претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово, во рамките на која запленето е поголемо количество амфетамин и уапсени се неколку лица.
Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопштува кумановскиот суд.
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл.353-в ст.1 од КЗ. М.А. како службено лице, вработена во јавно претпријатие Куманово, на работно место референт/благајник, во период од 09.11.2020 до 11.11.2024 во 410 наврати, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, континуирано присвоила вкупно 8.276.434 денари кои и биле доверени во службата, така што парите кои во готовина ги примала од наплатувачи-оператори од наплатни центри на јавното претпријатие наместо сите да ги евидентира и внесува во сметководствена документација и да ги уплати на трансакциска сметка во банка на јавното претпријатие, истата противправно дел од парите ги присвоила и задржала за себе, а во компјутерскиот систем изготвувала документи со преправање и менување-дуплирање на редни броеви и таквите документи, заедно со дел од дневните извештаи-спецификации за кои наменски изготвувала каса прими со дуплиран веќе постоечки број, за да не биде забележана, ги изнесувала од јавното претпријатие и ги уништувала, со што го оштетила јавното претпријатие за 8.276.434 денари.
Општина Куманово, под водство на Максим Димитриевски, постојано е во центарот ама со скандали, со индиции за судир на интереси и можен коруптивен договорен систем за испумпување на парите на граѓаните, вели на прес-конференција претседателката на Форум на жени на СДСМ во Куманово, Марина Манојловска.– Медиумите веќе објавија документи како општина Куманово склучува договори за изведба и надзор со фирми на блиски родини.