Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.- По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство, изјави портпаролот Стефан Димоски.