На 21.07.2025 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 16 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
До 21:00 часот на територија на цела држава регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има на територија на општините Василево, Радовиш и Берово – село Нивичино, на планината Мал Готен и Малешевски Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, во општина Македонски Брод, кај селото Грешница, каде е зафатена мешана шума и сува трева, меѓу селата Локвица и Крапа (деградирана дабова шума) и кај село Латово, место викано Маркова Стапалка, во општина Прилеп – село Штавица, со ширење кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума). Под контрола се пожарите во општина Ресен, кај селата Шурленци и Езерани (трска и ниска вегетација), во општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума), во село Николиќ во општина Дојран, во општина Велес – меѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, општина Гостивар – село Симница и во општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид.
Во изминатото деноноќие на територијата на Македонија регситрирани се 38 пожари од кои шест се активни, пет се под контрола, а изгаснати се 27, информира Центарот за управување со кризи. има на териториите на општините: Василево, Радовиш и Берово (село Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), три во Македонски Брод (село Грешница; помеѓу селата Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај селата Латово, месноста Маркова Стапалка каде горат грмушки и сува трева); кај селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец, Прилеп каде гори ниска вегетација и деградирана шума); Желино (помеѓу селата Церово и Групчин гори нискостеблеста и деградирана шума). се пожарите кај: Ресен (од село Шурленци до Езерани гори трска и ниска вегетација), Дојран (гори мешана шума кај село Николиќ), Велес, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, гори мешана нискостеблеста деградирана шума, Гостивар (село Симница гори нискостеблеста и дабова шума), Прилеп, помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид каде гори мешана шума и нискостеблеста вегетација).