МВР извести дека вчера во 14.10 часот, полициски службеници ги уапсиле У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.
Вчера во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата.