Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Republika
На денешната седница од Комисијата информираа дека ги потврдуваат наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели при службеното патување на поранешната министерка во Велика Британија и Ирска по повод 30 години дипломатски односи.
Наводите за употреба на буџетски средства за приватни цели се потврдуваат, со што се констатира дека биле потрошени средства за приватни цели. Libertas
Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска користела службени средства за приватни цели при нејзниното службено патување во Велика Британија во периодот од 24 до 27 октомври минатата година. 360stepeni
Од 292 фунти, 280 се трошоци кои ДКСК смета дека не може да се квалификуваат како трошоци за репрезентација“, Дополнително, како што посочи, со службената картичка на Министерството за култура биле покриени и трошоци во износ од 528 британски фунти, кои ДКСК не може да ги квалификува како трошоци за службени цели.
Антикорупциската комисија отвори предмет за случајот во август годинава откако владејачката ВМРО-ДПМНЕ во јавноста изнесе низа обвинувања оти ексминистерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска од редовите на СДСМ трошела буџетски средства за приватни цели на службени патувања. 360stepeni