„Апелираме до Владата на Р. Македонија, а особено до Министертвото за животна средина за кое ова е основна и исклучива надлежност за постапување, на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад и негово палење низ градот што е казниво и според кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите“, велат од Град Скопје. Skopjeinfo