Регионалниот ЦУК Тетово ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица Тетово дека во период од 23:34 до 2:45 часот после полноќ со 11 пожарникари и 4 противпожарни возила гаснеле запалена куќа во село Стримница, Општина Желино.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 661 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 59,90%, а 40,10% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.