Како што соопшти утринава ЦУК, германскиот државјанин кој немал македонски телефонски број за помош прво се јавил во Германија по што биле алармирани македонските служби и почнала акцијата за негово спасување.
Конкретно, по пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи ЦУК беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице (70 години – германски државјанин којшто зборувал и на турски јазик) после село Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат. Nezavisen
Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било уплашено за својот живот во мракот во планината.
АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. Kanal5
Германски државјанин кој се изгубил на планината Скопска Црна Гора е успешно пронајден во координирана акција на Авто мото сојузот, Министерството за внатрешни работи и Центарот за управување со кризи. Plusinfo
Во координирана акција на МВР, ЦУК и АМСМ, а по јавување на германската служба за помош на пат, синоќа успешно беше пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора. Skopjeinfo