Обвинителство на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче презентираше видео записи од камерите на Сејф сити на кои тврди дека се гледа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го вози „реното кангу“ на денот на грабнувањето на Вања… Видео снимка со која за прв пат обвинителството го поврза Љупчо Палевски Палчо со убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска денеска беше презентирана во судница.
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судскиот процес за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Со изведување на видео материјали од безбедносни камери за движењето на возилото Цитроен на денот на грабнувањето на Вања Ѓорчевска во Дебар Маало, а потоа и заедно со возилото Рено Кангу како се движат низ Визбегово кон селото Бразда каде е запален и потоа како се враќа само реното Кангу назад, низ Чаир кон седиштето на партијата Десна, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Неколку секунди пред возилото ,,цитроен”, со кое на 27 ноември 2023 година беше киднапирана 14-годишната Вања Ѓорчевска, возело ,,реното кангу”, кое според обвинителатвото го управувал Љупчо Палевски Палчо.