Денеска (09.02.2025), полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес и полициски службеници од Полициското одделение Чашка ги лишиле од слобода М.З.(86) и 41-годишната М.З., двајцата од село Долно Јаболчиште, општина Чашка.
При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“, ловечка пушка „Црвена Застава“, карабин „Хемерлес“, два оптички нишани за пушка, оружје за светлосна и звучна сигнализација, пиштол „ЦЗ- 99“, 146 куршуми различен калибар, 21 ловечки патрони, две рамки за пиштол, карабин „Црвена застава“- расклопен на делови и карабин без ознаки, се посочува во соопштението од полицијата. Kanal5