Гаши синоќа во интервјуто рече дека по изборот на нова влада во Бугарија може да се пристапи кон решавање на спорот, но оти не може веднаш да се очекува некој голем успех во разговорите.
Гледајќи на овој проблем низ призма на заеднички интерес и на двете држави и на двата народа, македонскиот и бугарскиот, во смисла на регионална сигурност, мислам дека е од заеднички интерес да пристапиме кон решавање на овој спор. Plusinfo
По интервјуто на претседателот на Собранието за емисијата „360 степени” емитувана синоќа на МРТ 1, на службениот мејл на Африм Гаши стигнала порака со заканувачка содржина, во која се вели дека ќе влезат во Собранието и ќе „има бесење“ на сите што се за Бугарите ако се усвојат уставните измени, објави порталот 360 Степени. Denesen
Оттаму за МИА информираат дека во Секторот за компјутерски криминал при МВР има пријава за таков случај и по истата соодветно се постапува, без да се посочуваат детали за тоа со каква содржина е заканата.
Медиумите попладнево објавија дека претседателот на Собранието добил електронска пошта со заканувачка содржина во врска со уставните измени и внесувањето на Бугарите во Уставот. Kanal5
Претседателот на Собранието, Африм Гаши на службениот мејл добил закани по живот. Mk
Кабинетот на претседателот на Собранието во вторникот попладнето соопшти дека по објавувањето на вчерашното интервју во емисијата „360“, во кое учествуваше собранискиот спикер Африм Гаши, на неговата официјална електронска адреса на е добиен е-мејл со заканувачка содржина.
„Претседателот на Собранието најостро ги осудува сите форми на закани и притисоци врз носителите на јавни функции и останува посветен на принципите на демократијата и владеењето на правото – се наведува во соопштението од Кабинетот на Гаши. Netpress