Radiomof
Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани 45 пациенти, во Општата болница во Кочани 30 пациенти, во Св. Наум Охридски 29 пациенти, во 8 Септември 17 пациенти, на КАРИЛ 16 пациенти, на Клиниката за пластична хирургија 11 пациенти, а на Детската хирургија 4 пациенти.
„Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба – Детска хирургија – 3, КАРИЛ – 7, Градска општа болница – 5, Стара Градска – 3“, велат од МЗ. Министерот за здравство Арбен Таравари заедно со здравствените институции, внимателно ја следи состојбата и останува во континуирана комуникација со болниците за да се обезбеди навремена и соодветна медицинска нега, посочуваат од МЗ. „Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Radiomof