Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Kanal5
Во моментов градоначалникот на општината е во зградата и дава исказ, одговори на прес-конференција во Кочани јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој рече дека во моментот не може да потврди дека и тој е меѓу осомничените.
Претходно Коцевски кажа дека во Основниот суд во Кочани се држат рочишта по однос на предлозите за краткотраен притвор. Libertas
Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. A1on
Лицата постапувале спротивно на прописите и техничките правила на мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и делото на луѓето од големи размери, изјави Коцевски.
Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани, според првичните информации на МВР, бројот на починати е 59, а 155 се повредени. Civilmedia
Прашан дали може да гарантира дека случајот ќе биде расчистен, одговори „им ветувам на граѓаните дека истрагата ќе биде брза, ефикасна и сите кои сториле инкриминирани дејства ќе одговараат“.
Во однос на протестите што се одржуваат во Кочани по повод несреќата рече дека досега нема незаконити дејствија. Kanal5