Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го информираше министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, дека израелски медицински експерти ќе допатуваат во земјава за да помогнат по пожарот во кој загинаа 59 луѓе.
Саар исто така изрази сочувство „за страшната трагедија во која загинаа повеќе од 50 лица, а десетици беа повредени во пожарот“.
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го информираше министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, дека израелски медицински експерти ќе допатуваат во земјава за да помогнат по пожарот во кој загинаа 59 луѓе. Kanal5
Израел стои зад Северна Македонија во овие тешки моменти – се наведува во неговата објава на платформата Икс, каде што беа објавени и знамињата на Израел и Северна Македонија. Novamakedonija
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.
Сочувство за загубените животи и подготвеноста на Грција да помогне по трагедијата во Кочани, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку платформата Икс, јави дописничката на МИА од Атина.
Со амбулантни возила, три млади лица со изгореници здобиени во пожарот во дискотеката во Кочани попладнево биле пренесени и пристигнале во Солун, каде што ќе бидат хоспитализирани во болницата Папаниколау, јави дописничката на МИА од Атина.
Три млади деца со изгореници, повредени во пожарот во дискотеката во Кочани ќе бидат пренесени во болницата Папаниколау во Солун, потврди во разговор со дописничката на МИА од Атина, претседателот на грчката федерација на вработени во државните болници Михалис Јанакос.
Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа најмалку 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.
Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.
Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Макеоднија по пожарот во дискотека во Кочани.
Српското Министерство за надворешни работи изрази сочувство до народот и властите во Македoнија по пожарот во дискотека во Кочани.
Европската Унија доби барање од Македонија за помош во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, потврди за МИА портпарол на Европската комисија.
Европската Унија е подготвена да помогнеме на Северна Македонија во справување со последиците од пожарот во ноќниот клуб во Кочани, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.