Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион во врска со вчерашните протести во Кочани рече дека ги разбира, за големата болка, големата тага, големата жалост што ја носат, бидејќи, како што рече, на сите тие луѓе им е починат или повреден по некој роднина, близок пријател, брат, сестра, сосед, другар, соученик, сограѓанин… – Нивниот револт потполно го разбирам, го сфаќам, но замолувам не на таков начин туку на евангелски начин, молитвено, смирено, тивко, достоинствено да ги испратиме во вечноста починатите , а за здравите постојано да се молиме – порача Иларион. Novamakedonija