Седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор.
Седум полициски службеници од Кочани и Штип се осомничени за тешки дела против општата сигурност, во врска со пожарот во Кочани и за нив е доставен предлог за определување на мерка притвор, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Kanal5
Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за седумте службени лица во СВР Штип и ПСОН Кочани, осомничени за кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“, поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Plusinfo
Со тоа, како што кажа Тошковски тие како службени лица не постапиле согласно прописите за мерките за заштита и не извршиле целосна и детална проверка во врска со издавање на позитивна согласност за кабарето и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето.
Инаку, истрагата против полициските службеници се спроведува одделно од онаа во Кочани, а за која надлежно е тамошното Основно јавно обвинителство и каде во моментот постапката е во фаза на предистрага во која засега се опфатени 18 лица. 360stepeni