Двајцата ексградоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илијев, остануваат во куќен притвор откако Апелациот суд во Штип ја потврди одлуката на Советот на Основниот суд во Кочани со која затворкиот е заменет со домашен притвор,за нивната одговорност за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март со 59 жртви од кои 6 деца, и 197 повредени од кои 25 деца.
Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени.
Основниот суд во Кочани постапувал по 22 жалби поднесени од осомничени за пожарот во Кочани од кои одбиени се 19 жалби и за тие лица останува мерката „притвор“, додека за поранешните градоначалници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат мерката „притвор“ е заменета со „куќен притвор“.
Кривичниот судски совет во штипска Апелација по жалбите на Основното јавно обвинителство за куќниот притвор на двајцата градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев ќе одлучува утре, потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд во Штип, Тони Делев.