Инспектори во Козле открија нелегална градба.
Станарите добиле одобрение зза градба за кос покрив, но наместо тоа почнале со градба на четири нови стана.
„Денес, заедно со градежниот инспектор и раководителот на Инспекторатот, излеговме на терен – улица Козле бр.17. Извршивме увид на настрешница поставена на зграда со рамна плоча.
Иако дел од станарите добиле одобрение за кос покрив поради наводно течење, утврдивме дека изведбата НЕ е согласно одобрениот проект! Mk
Станарите добиле одобрение за градба за кос покрив, но наместо тоа почнале со градба на 4 нови станови.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, им порача на граѓаните да не влегуваат во вакви авантури затоа што инспекторите се на терен, а вложените пари ќе завршат во ветер. Kajgana
Просторот е поделен на 4 дела – со подготовки за кујни и тоалети – што јасно укажува на обид да се направат уште 4 нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот!“, објави Јакимовски на Facebook.
Тој информира дека изготвен е записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба. Kajgana
Ни малку не ме радува кога ќе слушнам дека некој потрошил десетици илјади евра, а притоа го прекршил законот – тие пари ќе завршат во ветер!
Проектите мора да се изведуваат СТРОГО според одобрението за градба! Kajgana
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.