Државното јавно обвинителство попладнево соопшти дека е доставен предлог до Основниот суд во Кочани со кој за поранешен министер и државен секретар во Министерството за економија се бара замена на изречената мерка „притвор“ со „куќен притвор“ во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. A1on
Од Обвинителството не прецизираат за кој поранешен министер за економија и поранешен државен секретар се работи.
Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени - поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. Sitel
По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот, соопшти Обвинителството.
Соопштението на Обвинителството се однесува на изрекување домашен притвор за поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и државната секретарка во истото министерство, Размена Чекиќ-Дуровиќ. Kanal5
„Обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија.
По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот“, Оттаму додаваат дека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. 360stepeni