ПОЗАЈМИЛ 25.000 ЕВРА, ГО ОШТЕТИЛЕ 150.000 ЕВРА Му продале два стана без негова согласност, за да си го вратат долгот Тетовец во 2014 година позајмил 25.000 евра и со нотарски акт ставил два стана како гаранција за долгот, а потоа заемодавачот без негова согласност ги продал становите, соопшти полицијата.
Фото: МВР Тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. Plusinfo