БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И СО 2,38 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВО КРВТА Ресенчанец дивеел со „мерцедес“ низ градот При сообраќајна контрола во сeло Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека не поседува возачка дозвола и дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,38 промили алкохол во крвта, се вели во полицискиот билтен.
Фото: Архива Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.