Двајца од тројцата осомничени за намерно предизвикување пожар во викенд куќа во селото Капиново, општина Чашка, се веќе во притвор, а за третиот осомничен се преземаат мерки за пронаоѓање, информира Основното јавно обвинителство Велес.
Полицијата од Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка и против С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.