Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети – медицинскиот директор Нино Васев и организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје. Skopje1
Поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, д-р Нино Васев, и поранешниот организациски директор Нехат Нухи, обвинети во случајот „Онкологија“, ќе се бранат од слобода.
Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за домашен притвор за двајцата, иако Обвинителството бараше ефективен притвор поради опасност од бегство и тежината на делата за кои се товарат. Plusinfo