Денеска (25.05.2025) вo 00.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„11-ти Октомври“ со ул.„Димитрије Чуповски“, кај порта Македонија, патничко возило „ауди а4“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управувано од Л.Л.(39) од Македонски Брод, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столбчиња, канделабра и една тенда од продажен објект, информира МВР. Kurir
По несреќата, возилото се запалило, при што од страна на полициски службеници било интервенирано и огнот било изгаснат.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. Republika