При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед, затекнати со дрога беа и тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар, посочи Стаматова.
Полициски службеници од СВР Битола ќе продолжат со преземање на интензивни мерки и активности во откривање и реализација на кривични дела во борбата со недозволената трговија со дрога и оружје како и секаков вид на криминал на подрачјето на СВР Битола, изјави за МИА, портпаролката на СВР Битола, Сања Стаматова. Press24
Претресите се направени во куќи и станови, потоа преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена.
При преземање на мерки и активности за откривање на овој тип на кривични дела односно при преглед, затекнати со дрога беа и тројца малолетници на подрачје на Битола и два странски државјани на подрачје на Демир Хисар, посочи Стаматова. Sitel
Во текот на месец мај на подрачјето на Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод, биле приведени 39 лица поврзани со недозволена трговија со дрога и оружје. Skopjeinfo
Заплената вклучува марихуана, кристална и прашкаста материја, шприцеви со течност, дигитални ваги, како и пушки и пиштоли.
„СВР Битола само последниот месец мај во Битола, Прилеп, Демир Хисар и Македонски Брод лиши од слобода 39 лица, истите дилери на дрога и оружје и заплени поголемо количество на дрога и психотропни супстанции (марихуана, семки од канабис, шишиња и шприцеви со течност, габична материја, грутчеста материја, прашкаста материја, паковки со кристална материја , дигитални ваги, предмети со остатоци од растителна и прашкаста материја како и пронајде различна количина огнено оружје (пушки, пиштоли, и муниција различен калибар). Притоа , извршени беа 9 претреси во куќи и станови и тоа по чл.215 „Недозволена трговија со дрога и психотропни супстанции” извршени беа 3 претреси и по чл. 396 „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” извршени беа 6 претреси како и 7 преглед на лица и 6 патнички моторни возила при што одредени беа два притвори во траење од 30 дена. Skopje1
Меѓу затекнатите биле и тројца малолетници на подрачјето на Битола, кај кои е пронајдена дрога, како и двајца странски државјани во Демир Хисар.
Од СВР Битола најавуваат дека продолжуваат со интензивни активности и акции за сузбивање на криминалот поврзан со дрога, оружје и други кривични дела, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните во регионот. 4news