Во 24 анализа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски рече дека е најден тефтерот на Дејан Јованов Деко и кому се му плаќал мито.
Државниот јавен обвинител вечерва во интервју на ТВ 24 рече дека за еден член од бендот кој е осомничен за пиротехниката нема во моментов да се води постапка поради лоша здравствена состојба.-Има одредени лица кои што се во тешка здравствена состојба и со консултација со лекарите за нив во моментов е одлучено дека не се во состојба за нив да се води постапка ниту да дадат изјава, за жал, рече државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва во интервју за ТВ24.
Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски вечерва изјави дека истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е завршена и дека од утре почнува увидот на одбраната во доказите.
Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, објави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.