МИАСудењето за случајот за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, каде првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо, заедно со Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се презакажува за 9 јуни.
Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, презакажувањето е по барање на надлежениот јавен обвинител.Судењето треба да продолжи со завршни зборови на Обвинителството, откако со минатото рочиште заврши доказната постапка.-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавност дека главната расправа за предметот со К. Бр. 1339/24 поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и Велешанецот П.Ж. насроечна за 02.06.2025 година, по барање на надлежниот јавен обвинител, се презакажува за следниот, веќе насрочен термин, на 09.06.2025 година во 10:00 часот.