Шеесетгодишна скопјанка е тешко повредена откако била удрена од „сеат“ на паркинг во Скопје.
На 30.05.2025 година во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на улицата „Фјодор Достоевски“ во Скопје, патничко возило „Сеат“ со скопкси регистарски ознаки, управувано од А.Д.(70) од Скопје удрило во пешакот Р.Ј.(60) исто така од Скопје. Libertas
Пешачката се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде биле констатирани повредите.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а истрагата за несреќата е во тек. Lokalno