Основното јавно обвинителство поведе постапка за управител на фирма, кој изградил шесткатница во Чаир на „Ќемал Сејфула“, без одобрение и на државно земјиште, соопштија денеска оттаму.
„Постапувајќи по кривична пријава од група граѓани, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши проверки и донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а од Кривичниот законик. Meta