Социјалдемократите на денешната прес конференција уште еднаш потенцираа дека премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и јавниот обвинител Љупчо Коцевски и понатаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени.
Христијан Мицкоски, Панче Тошковски и Коцевски и натаму ги штитат полициските службеници кои имаат директна вина за најголемата трагедија во историјата на Македонија, пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 62-ца млади луѓе, а 200 беа повредени, вели денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.– Мицкоски и Тошковски прават се за да ги прикријат трагите и непосредната одговорност на оние кои кобната вечер донеле одлука да се затворат вратите на дискотеката што непосредно придонеле да има толкав број на жртви од оваа трагедија.