По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената Вања, рече дека е изненаден од завршните зборови на Обвинителството. Opserver
Во завршните зборови денес Обвинителството заклучи дека Вања и Панче се убиени на свиреп и монструозен начин, а татко на Вања дал информација дека таа сама ќе оди на училиште.
За киднапирањата и убиствата на Вања и на Панче се обвинети Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски се товари за помагање во киднапирање. Makfax