Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Press24
Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека денеска до Основниот суд во Кочани е поднесено обвинение против 34 физички и три правни лица за кривични дела поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.-Денеска до Основен суд во Кочани се поднесува обвинителен акт против 34 физички и три правни лица за кривични дела со кои предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од поголеми размери, на место на кое се собрале поголем број на луѓе, односно за пожарот при настапот на музичката група ДНК на 16 март, каде што животот го загубија 62 лица, 157 се здобиле со тешки повреди и 54 лица со повреди, изјави Коцевски.
На почетокот од денешната прес-конференција во врска со истрагата за пожарот во Кочани, тој информираше дека е издадена наредба за истражна постапка и против 13 службени лица, полицајци поврзани со случајот. Alsat
Републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски денеска информираше дека за единаесет физички лица се запира постапката за кочанската трагедија, од кои двајца се поранешни министри, поради, како што рече, немање на доволно докази. Lokalno
За 13 осомничени полицајци од Штип и Кочани, се бараат мерки за обезбедување на присуство. Skopjeinfo
Вечерва се уапсени нови 13 лица во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани. 4news