Вработен во Итната медицинска помош на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од 64-годишниот Скопјанец кој бил во придружба на друго лице пациент.
На 10.06.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(28) од Скопје пријавил дека при извршување работни задачи за Итна медицинска помош, во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил физички нападнат од С.С.(64) од Скопје, кој бил придружба на друго лице пациент, информира МВР. Skopjeinfo