Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска учествуваше на панелот насловен „Финансирање на енергетските амбиции“, кој се одржа во рамки на Форумот за мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан (MEF-WB Energy Forum 2025) - регионален настан што веќе осма година по ред претставува платформа за продлабочена соработка меѓу земјите од регионот и заеднички пристапи кон забрзана зелена транзиција и целосна декарбонизација до 2050 година.
Министерот за европски прашања и национален координатор за ИПА (NIPAC), утрово оствари средба со претставниците на Европскиот суд на ревизори, Бертран Танги и Ерик Котларик, во рамки на нивната ревизорска мисија за успешноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Во фокусот на дискусиите беше координацијата во транспортниот сектор во рамки на WBIF, како и поширокиот институционален и оперативен контекст за имплементација на проектите поддржани преку овој инструмент.