Во оваа смисла, како што дополни, по однос на обвинетиот Александар се докажа дека ваквото обвинение е резултат на прекршување на основните принципи на кои почива истражната постапка и криминалистичка истрага, во која не е направена прелиминарна анализа на информациите, ниту е направена нивна организација и диференцијација, ниту била формирана основа на структурата за одлучување.-Токму од доказите на обвинителството произлегува дека доказите од видео надзорот врз основа на кои се темели обвинението се обезбедени и прибавени токму од обвинетиот Александар и сведокот Гоце и тоа со знаење, согласност и со напатствија од полициските службеници кои учествувале во истражната постапка, рече Туфегчиќ.Конечно, како што образложи, според динамиката на настаните и доказите, таткото на детето воопшто не им бил потребен на обвинетите за да им даде упатства за времето кога детето ќе излезе сама од домот за да оди на училиште бидејќи според доказите кај обвинетите претходно веќе бил создаден план за грабнување а подоцна и за егзекуција на личноста, имале сознанија за станарите во зградата, ги преземале сите мерки и активности за реализација на планот, имале јасна поделба на трудот во рамките на заедничко делување заради извршување на криминалниот чин, еден месец пред грабнувањето донеле одлука истото да го извршат, ја следеле и фотографирале жртвата 10-на дена до две недели пред да го извршат грабнувањето, а утврдено е дека имале два неуспешни обиди за грабнување, на 23 ноември утрото и на 24 ноември утрото.– Врз основа на сето горенаведено му предлагам на судот да го ослободи од обвинение обвинетиот Александар Ѓорчевски бидејќи јавниот обвинител не докажа надвор од разумно сомнение дека обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар, заклучи Туфегџиќ.Претходно денеска одбраната на обвинетите Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, исто така, побара ослободителни пресуди.