На јавна седница во Апелација по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“, обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи пред Судот изјави дека е невин и дека нема да се даде во бегство.
Од Апелациониот суд Скопје, преку соопштение по седницата информира дека е уважена жалбата на Обвинителство и се определува мерка притвор и за Нехат Нухи. Novamakedonija
Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“. Press24
Постапувајќи по предметот КСЖ-595/25 оформен против обвинетиот Н.В. од С., по одржана јавна седница на ден 20.06.2025 година ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, против Решението на кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје КСП.бр.339/25 од 23.05.2025 година, и истото го преиначи на начин што ја укина мерката куќен притвор определена према обвинетиот Н.В. од С., поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ, кривично дело Измама во службата од член 355 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 в.в. член 22 од КЗ и кривично дело Проневера во службата од член 354 став 3 в.в. став 1 в.в. член 45 од КЗ, а поради постоење на причините за мерката притвор определени со одредбата од чл.165 ст.1 т.1 од Законот за кривичната постапка и ОПРЕДЕЛИ мерка притвор во траење од 30 дена, информира Апелациониот суд Скопје.
На јавна седница во Апелација по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот организациски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи за случајот „Онкологија“, обвинителството побара укинување на куќниот и определување ефективен притвор, поради опасност од бегство, додека Нухи пред Судот изјави дека е невин и дека нема да се даде во бегство. Denesen
Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство Скопје по мерките куќен притвор и им определи мерка ефективен притвор во траење од 30 дена на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи за случајот „Онкологија“.
Во Апелациониот суд во Скопје денеска се одржа јавна седница по жалбите на мерката „куќен притвор“ за поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за случајот „Онкологија“. Civilmedia
За предметот „Онкологија“, Основното јавно обвинителство поднесе две обвиненија со кои се опфатени двајцата поранешни директори на Клиниката и четворица доктори онколози.
Поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев е обвинет „за злоупотреба на службената положба“, „измама во службата“ и „проневера во службата“. Republika