Според Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈОРСМ), 50-годишниот скопјанец „со општоопасно дејствие предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, лекомислено сметајќи дека нема да настапат штетни последици.“ - Тој на својот син му давал да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот не смее да управува со автомобил бидејќи нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти, и тоа: едно кривично дело – сообраќајна несреќа со полесни последици во ноември 2022 година, 11 сообраќајни прекршоци (возење без возачка дозвола, возење под дејство на алкохол, непочитување на семафор и на пешачки премин) во текот на 2023 и 2024 година, како и кривично дело – сообраќајна несреќа со смртни последици на 29.01.2025 година, се наведува во соопштението од ЈОРСМ. Kanal5