Ве информираме дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија, велат од македонското МНР.
Министерството за надворешни работи се огласи по смртта на девет годишното девојче со македонско потекло, кое се удави.