Денеска (01.07.2025) во 2:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во приградската населба Оризари во Кочани се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
📽️ ТРИ АВТОБУСИ И КОМБЕ ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕА ВО КОЧАНИ Пламенот ги проголта возилата за неколку минути, полицијата истражува Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за среќа нема повредени лица, иако пожарот се развил во непосредна близина на пумпата, што го зголемило ризикот од евентуална катастрофа.