НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси Фото: Принтскрин Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и е укината забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.
Добивај вести на Viber Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи е активиран во гаснење на пожарот што избувна покрај патот кон граничниот премин Блаце, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ.- Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна над магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце - објави ЦУК споделувајќи фотографии и од директорот Мухамед Али кој од терен ја координира акцијата за справување со пожарот.