Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар 17:27, јули 7, 2025 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.
Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.
Од Центарот за управување со кризи велат дека упатиле барање за воздухопловна поддршка до МВР бидејќи противпожарните екипи не биле во можност да интервенираат од копно Екипи на скопската противпожарна бригада интервенираат во гаснење на пожар на патот што води кон граничниот премин „Блаце“.
НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси Фото: Принтскрин Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и е укината забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР.