Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се ставени под контрола – изјави на прес – конференција Стојанче Ангелов, раководител на националниот Штаб за цивилна заштита и директор на Дирекцијата за заштита и спасување. 24info
Верувам дека превентивниот ангажман на полицијата, шумската полиција, но и сите други лица ќе вроди со резултат и сите се известени да бидат внимателни, но и да пријават секакво сомнително однесување во шумите – истакна Ангелов и воедно искажа јавна благодарност до граѓаните кои вчера помагаа во гаснењето на пожарите.
На прес – конференцијата во прес центарот на македонската Влада, Ангелов и директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информираа дека денеска е објавен оглас за ангажирање на 400 невработени лица за заштита и превенција од пожари. 24info
Апелирам до сите граѓани доколку забележат сомнително однесување на лица веднаш да пријават на бројот 112 или во најблиската полициска станица, истакна Ангелов.
Раководителот на националниот Штаб за цивилна заштита посочи дека на локации каде постои опасност од пожар има засилени контроли и набљудување на теренот. 24info
Во изминатото деноноќие, биле изгаснати 66 пожари на отворен простор.
Ангелов информираше дека на терен се забележани дрвени палети полиени со бензин, гуми и шишиња со запаливи течности, што укажува на обиди за подметнување на пожари. Opserver